Плажите потсетуваат на карипските песоци, а за да ви биде уживањето комплетно, кога ќе патувате на Лефкада, не пропуштајте ги следниве 5 плажи:

Катизма

Катизма е една од најубавите плажи на Лефкада, која идеално ги комбинира живописните предели со многу развиена инфраструктура, поради што ужива во славата на најпосетуваните на островот. Ова е една од најдолгите плажи со бел песок на Лефкада. Секогаш има многу туристи, а брегот на Катисма се смета за вистински рај за одмор на плажа за младите луѓе. Се наоѓа на околу 15 километри југоисточно од главниот град, во близина на селото Агиос Никитас (само 3,5 километри од него).

Лимни

Плажата Лимни, која се наоѓа во Никијана е малку поинаква од останатите на Лефкада.  Ова место е погодно за одмор со деца, а самата плажа е многу блиску до гратчето и сите погодности што тоа им ги нуди на туристите. Се работи за потивка и помалку посетена плажа, на која можете во целост да се опуштите.

Егремни

Плажата е долга неколку километри, прекриена со ситен песок, а во позадината се издигаат стрмни карпи, правејќи еден од најубавите пејзажи на островот. Оваа плажа се наоѓа на 30 километри јужно од главниот град, Лефкада, на западниот брег. Егремни е единствената плажа на Лефкада којашто е потполно отворена, т.е. нема мали заливчиња. На моменти, ветрот на ова место знае да стане прилично силен, а при таквите услови, брановите можат да достигнат височина и од 3 метри.

Василики

Плажата во Василики е исклучително пријатна, со кристално чиста вода и преубав поглед. Иако еден дел од плажата ја користат сурфери (за часови, но и за професионално сурфање), другиот дел е идеален за одмор, особено доколку патувате со деца. Дното на морето е послано со мек песок, а можете да одите и преку 10 метри во морето, за длабочината да помине едвај половина метар.

 

 

Порто Кацики

Порто Кацики се наоѓа на југо-западниот дел од островот и ѝ е доделено „сино знаменце“. Се работи за една од најубавите плажи на островот, но и во Јонското Море. Денес, плажата е одлично организирана и за да пристапите до неа ќе треба да се симнете по 50 скалила, но сето тоа ќе се исплати кога ќе стапнете на беспрекорно ситната песок и ќе го погледнете морето. Името Порто Кацики значи „залив на козите“, а тоа се должи на фактот што во минатото само козите можеле да пристапат на овој дел од островот.