Бањите во Србија го претставуваат најважниот дел од туристичката понуда на земјата. Србија има повеќе од илјада извори на минерална вода и над 40 бањи, од кои многу датираат од далечното римско време.
Бањите во Србија постојано се прилагодуваат на потребите на различни генерации и денес претставуваат туристички места во сочувана природна средина,
Секој од нив е уникатен на свој начин, а покрај лекувањето на разни здравствени проблеми, повеќето од нив се популарни и омилени дестинации за туристите во текот на целата година.
ПРОЛОМ БАЊА
Термалните води на Пролом бања имаат температура од 30°C и 33,8°C, а интересен факт е дека од бањата се флашира вода којa е без хемиски модификации.
Лоцирана во јужна Србија, оддалечена 290 километри од Белград и 260 км од Скопје, на падините на планината Радан, Пролом бања е опкружена со недопрена природа.
СОКОБАЊА
Сокобања е оддалечена 234 километри од Белград и 260 км од Скопје.
Специфичната клима, богатата флора и фауна и богатото културно историско наследство придонесоа за Сокобања во 1992 година да биде прогласена за првата еколошка општина во Србија.
ВРЊАЧКА БАЊА
Модерната бања има долга традиција од 150 години – официјално, првата сезона во бањата е отворена во 1868 година.
Оддалечена 230 километри од Белград и 310 км од Скопје,
Врњачка бања има долга традиција како туристичка дестинација,
tоплата вода во Врњачка Бања има температура од 36,5 степени Целзиусови,
колку што е температурата на човечкото телото, по што е единствена во Европа. Бањата е и место на одржување голем
број манифестации, како што се Врњачко културно лето,
Врњачки карневал, музичкиот фестивал The Love fest…
ЛУКОВСКА БАЊА
Луковска бања се наоѓа во југот на Србија, оддалечена 278 километри од Скопје. Бањата е опкружена со недопрена природа, нуди одлични услови за рекреација и одмор. Затворените базени и базените со минерална вода може да се користат во текот на целата година. Бројните терени за мали спортови, обележаните патеки за пешачење и велосипеди нудат одлични услови за подготовки за спортистите.
БУКОВИЧКА БАЊА
Што се однесува до гостите во Буковичка бања, кои бараат место за одмор и релаксација, на располагање им се затворени базени со млековита вода, сауна, хидро масажа, хелио терапија, фитнес центар.
Симбол на Буковичка бања е величествениот парк украсен со цветни леи на ретки растенија, кој претставува галерија на скулптури настанати за време на традиционалната уметничка манифестација.
Comment (0)