Сместена на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со повеќе од 300 сончеви денови во годината. Привлекува се’ повеќе гости со својот шарм, а неодамна стана хит дестинација за туристите и од Македонија.
Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф. Неодамна беше рангирана меѓу атрактивните дестинации, Саранда нуди толку многу. Центарот на градот е во залив украсен со пријатно шеталиште, опкружен со палми, а наоколу има продавници и ресторани.
Веднаш штом ќе зачекорите малку јужно од Саранда, на патот кон селото Ксамил, ќе наидете на плажа позната како Огледало. Туристите рекле дека е најубава на целото албанско крајбрежје. Таму ќе најдете мир ако едвај чекате да се оддалечите од гужвата, бидејќи е прилично тивко, без многу кафулиња и други сервисни објекти. Сместени меѓу карпите, веднаш до морето со божествена тиркизна боја, ќе ги регенерирате и душата и телото.