Факти за Австралија
Животот во Австралија
Мултикултурно население
Резидентното население на Австралија во моментов се проценува на 22.020,000 жители и е проектирано да се зголеми на стапка 1 лице на секоја 1 минута и 44 секунди. Овој раст на населението се базира на претпоставката дека постои едно раѓање на секоја 1 минута и 44 секунди, еден смртен случај на секои 3 минути и 32 секунди и нето добивка од 1 меѓународен мигрант на секоја 1 минута и 23 секунди.
Повеќето Австралијци потекнуваат од доселеници и емигранти од Европа – Велика Британија, Ирска и Шкотска. Се проценува дека речиси 25% од населението во Австралија се родени надвор од Австралија – во Велика Британија, Нов Зеланд, Виетнам или Кина.
Во Австралија исто така има домородно население на Абориџани и жители на Торесовиот мореуз, што се проценува на околу 2,5% од вкупното население. Оваа проценка често е тешко да се верифицира заради големиот број на домородни Австралијци кои живеат во оддалечени заедници.
Јазик
Англискиот јазик е национален јазик на Австралија. Австралискиот англиски има свој уникатен акцент и речник. Голем дел од австралискиот англиски произлегува од американскиот и британскиот англиски јазик.
Се проценува дека повеќе од 2,4 милиони луѓе зборуваат друг јазик дома, најчесто кинески, италијански и грчки јазик и се сметаат како двојазични.
Се смета дека постоеле стотици јазици на домородците, иако денес се проценува дека преживеале околу 70 од нив ( во некои возрасни групи сеуште користат дел од нив).
Географија
Австралија се смета за најголем остров на светот, со најниска стапка на густина на населението – со само 2,8 жители на еден километар квадратен. Со оглед на тоа дека најголемиот дел од Австралија е пустина и ненаселен дел, мнозинството живее по должината на југо-источниот брег.
Австралија е земја на контрасти, од груби пустини до огромни пасишта, од златни плажи и егзотични корални гребени до планински масиви, од тропски дождовни шуми до модерни градови. Тука е и најголемиот корален гребен на светот, најголем монолит на земјатa Uluru (Ayres Rock).
Опкружена со Индискиот и Пацифичкиот океан, Австралија е дом на различни растенија и животни: кенгур, коала…
Владата и политиката
Австралија е стабилна демократска држава, со задолжително гласање – на оние над18 години, обезбедувајќи репрезентативна влада. Слободата на говорот е темелник на секоја демократија и Австралијаните имаат слобода на изразување на своите ставови во врска со политичките и контраверзни прашања.
Постојат 3 нивоа на власт:
Сојузна Влада – предводена од премиерот на државата. Одговорнострите на оваа влада вклучуваат прашања на национално ниво, трговија, надворешни работи и телекомуникации.
Државна Влада – предводена од разни држави и вклучува активности на Сојузната влада, особено во областа на образованието, социјалната заштита и спроведување на законот.
Локалните власти – предводени од локално избраните советници, одговорни за општинските активности – урбанистичко планирање, градежни работи и отстранување на отпадот.
Собранието се базира на системот на Вестминистер на владата. Австралија е член на Комоновелт – избран од народот на Австралија, Комонвелт Владата на Австралија ја води нашата нација како уставна монархија. Кралицата Елизабета II на Обединетото Кралство, исто така е Кралица на Австралија. Формално, таа е на чело на државата, застапена од генералниот гувернер.
Comment (0)