Фурка е малo симпатично местенце на полуостровот Касандра на Халкидики, на околу 100 километри од Солун.
Има песочна плажа, со кристално чиста вода. Дното е главно песок, со исклучок на метар или два малку ситни камчиња на влезот, а потоа повторно песок и гребен. Бојата на водата е многу убава, зелено-сина, поради четинарите во околината.
На брегот веднаш покрај плажата има две убави таверни со фантастичен поглед на море, но и голем број приватни куќи во сопственост на Грците од Солун. Од таа причина, пристапот до плажата може да биде подалеку од сместувањето отколку што навистина е, бидејќи не можете да поминете низ приватни домаќинства. Затоа нема шеталиште покрај морето, туку голем и убаво уреден плоштад каде се одвива социјалниот живот, со повеќето кафулиња, продавници, ресторани и неколку игротеки за деца.
Во Фурка има два супермаркети, Масутис и Арванидитис, така што туристите имаат можност за поволно снабдување. За поголем шопинг, жив ноќен живот и поинтересна вечерна прошетка Калитеа е на само 10 километри, Ханиоти е исто така во близина, а сигурно местата на западниот брег, Сивири и Неа Скиони.
Фурка е одлично одморалиште за оние кои сакаат да поминат летен одмор на мирно место, без гужви за туристите.
Ние за оваа сезона ви го нудиме најповолниот хотел на база СЕ ВКЛУЧЕНО на Халкидики со кој имаме соработка повеќе од 15 години, период во кој престојувале илјадници наши ценети туристи.
Информации и резервации:
047 224155 047 224156 072 228155