Лефкада светски прочуен прекрасен остров со едни од напознатите плажи. Начинот на кој овој остров е тесно поврзан со копното преку насип и пловечки мост и дава огромна предност на Лефкада во однос на останатите острови во Јонското море како Кефалонија и Закинтос кога станува збор за патување на овие острови. Оваа тесна поврзаност имала огромно влијание врз животот, историјата и културата во Лефкада, а резултат на тоа е целокупниот спој на култури од соседните острови и регионалното копно. Постојат многу причини кои сигурно ќе го исполнат и разубават вашиот престој во овој прекрасен остров на Јонското Море, и ќе ве натераат да се вљубите во Лефкада. За да го увидите тоа мора задолжително да ја посетите.