Ски центарот Ниже Поле се наоѓа над селото Ниже Поле на падините на планината Баба на надморска височина од 1.300 - 1.610 m. Од Битола до скијачкиот центар Ниже Поле води асфалтен пат од 15 км.
Скијачкиот центар има три ски-лифтови со вкупна должина од 2.150 метри и капацитет од 3.000 патници на час.
Обично сезоната на скијање започнува од почетокот на Декември и трае до крајот на Март.
* Надморска височина на скијачките патеки – 1.300 – 1.610 m
* Должината на скијачките патеки под каблите е околу 5.500 м.
* Кафе бар (Бачило) (работно време секој ден од 08:00 – 16:00 часот)
* Ски патеки за почетници и напредни скијачи
Comment (0)