За добивање на туристичка (посетител) виза за Австралија е потребно да се исполнуваат одредени услови. Најважно е да се покаже дека апликантото за виза има чесни намери да ја посети Австралија како посетител од најразлични причини и ја напушти Австралија пред истекот на визата. За таа, а во консутација со нашите агенти со долгогодишно искуство ќе ја провериме вашата документација, ја припремаме апликацијата, и ја поднесуваме онлајн.
Документи за австралиска туристичка виза
Од гарант:
- Законска изјава (се изјаснува дека ги сноси сите трошоци
за вашиот престој и гарантирате дека ќе ја напуштите Австралија пред истекот на визата)
- доказ за приход или пензија
- фотокопија од австралиско државјанство или пасош[
- изводи од извод од матична книга на родени доколку сте во роднинска врска
- покани за закажана свадба или друга пригода (ако се достапни)
Од подносителот:
- образец 956 А - потпишан од странките
– пасош + лична карта
- потврда за работа за редовен работен однос М1М2 (да се наведе од
кој и каде работиш) и користење на платен/неплатен одмор
- потврда за висината на приходот (за пензионерите се приложуваат пензиски чекови)
- за ученици и студенти потврда од училиштето/факултетот или индекс
- потврда за брачна состојба заверена на нотар (во агенцијата)
- потврда за сопственост (тапии, сообраќајни книшки...)
- потврда од банка за штедење
- извод од трансакциска сметка за последните 3 месеци
- потврда за неосудувано
– венчаница (нова) на англиски
- потврда од работа за редовен работен однос (од брачен другар)
и висината на премијата
- извод од матична книга на родени за малолетни деца
- плаќање на виза од 140 евра по апликација
- услуга за посредување и изработка на документација 50 евра.
***Формуларот се пополнува онлајн, документите се преведени на англиски (300 дена по документ)
Comment (0)