Патувањето во странство за остварување на одредени дијагностички и терапевтски процедури, од една во друга земја, поради различни причини се нарекува здравствен туризам. Лицето кое патува за третман се нарекува здравствен турист.

Здравствениот туризам не е ограничен само во болниците. Тоа е термин кој може да се користи за секоја институција која нуди третман и велнес терапии.

 

Здравствениот туризам е поделен на 3 главни категории:

  1. Медицински туризам (лекување и хируршки услуги во болници)
  2. Термален туризам (услуги за рехабилитација и одмор во термални објекти, топли извори итн.)
  3.  Постари и инвалидски туристи (долгорочни социјални услуги за геријатриски третмани или објекти за рехабилитација во природните области)

 

Главните причини да се избере здравствен туризам:

  • Недостаток на високо-технолошки медицински услуги и медицински ресурси во земјата на местоживеење,
  • Скапи здравствени услуги во земјата на местоживеење,
  • Повисок квалитет на здравствени услуги во избраната земја на лекување,
  • Здравствените туристи не сакаат да бидат видени при нивниот третман или операција,
  • Хроничните пациенти, постарите или хендикепираните лица можеби ќе сакаат да пробаат различни методи на лекување и лекари,
  • Отсуство на термални објекти поради географските и климатските услови во земјата на местоживеење,
  • Луѓето со зависности од дрога, алкохол, итн. Можеби ќе треба да се извлечат од нивната околина и да ја променат средината,
  • Желбата да се комбинираат терапија и одмор и да се испробаат различни култури.

 

Ние ги поврзуваме пациентите со нашите медицински партнери (лекари, специјалисти, болници). Посветени сме да обезбедиме извонредни услуги во пронаоѓање најевтини и најдобри начини за лекување, односно, ние се стремиме да им служиме и да ја испорачаме најдобрата задрвствено туристичка услуга на пациентите. Ние обезбедуваме информации за лекарите и болниците, закажуваме првични консултации и ја закажуваме вашата операција. Исто така, помагаме при резервации на летови и сместување. Кога ќе пристигнете во Турција, ќе ве чекаат на аеродром и ќе се организираат сите неопходни трансфери.

Некои референци на болници и клиники со кои соработуваме.

  • ACIBADEM HOSPITALS GROUP
  • MEMORIAL HOSPITALS GROUP
  • FLORENCE NIGHTINGALE GROUP
  • ANADOLU MEDICAL CENTER JOHN HOPKINS
  • WORLD EYE HOSPITAL
  • ESTEWORLD
  • MEDIPOL HOSPITALS GROUP
  • MEDICANA HOSPITALS GROUP
  • JINEMED IVF CENTER
  • DENTGROUP
  • HOSPITADENT
  • AMERICAN HOSPITAL
  • AKKOR HEALTH
  • MEDICAL PARK HOSPITALS GROUP
  • LIV HOSPITALS
  • ISTANBUL SURGERY CLINIC
  • BAYINDIR HOSPITALS GROUP
  • KADIKÖY ŞİFA HOSPITALS
  • HİSAR HOSPİTAL
  • YEDITEPE UNIVERSITY HOSPITALS
  • DENTGROUP