Бројните минерални и термоминерални извори во земјава, лоцирани во најпејсажните и живописни шумски предели, отсекогаш биле свртувалиште на многу случајни минувачи, но и на оние кои барале спас во лековитата моќ на водата. Околу нив не случајно од дамнина се граделе лекувалишта, бањски објекти и спортски терени. Од некогашните римски и турски бањи во земјава, во функција е останата само Пашината бања во Негорци, која и ден денес се користи за лекување и релаксација. Се планира ревитализација на некогашниот турски амам кај Катлановска бања, со што овој објект, од кој се останати само урнатините, повторно би бил ставен во функција за збогатување на понудата и за развој на бањскиот туризам, за кој постојат огромни потенцијали. Во Македонија има околу 64 извори со различна температура на водата која се движи меѓу 20 до 72 степени. Богати се со сулфур, фосфор, арсен, јод, бром и други елементи со лековити физиотерапевтски својства. Постојат осум бањи, Бања Банско – Струмица, Бања Кежовица – Штип, Бања Негорци – Гевгелија, Бања Бања – Кочани, Проевска бања – Куманово, Бања Бањиште -Дебар, Бања Косоврасти – Дебар и Катлановска Бања -Скопје. Во близина или во рамките на комплексот се наоѓаат хотели, мотели и други сместувачки капацитети со придружни физикално – рехаблизитациони центри.

Дебарски Бањи Цапа – Долно Косоврасти, Дебар

ДЕБАРСКИ БАЊИ ЦАПА – ДЕБАР Природно лекувалиште Бањиште, Косоврасти и Хотел Венец   Бањиште Ресорт & СПА Сместен на надморска висина од 880 метри, Бањиште е идеално место за тие што сакаат да се релаксираат и уживаат во чистиот планински воздух, природната термо-минерална вода со оптимална температура за човековото тело и прекрасната храна. со вкупeн […]

Хотел Сириус 4* Струмица

ХОТЕЛ СИРИУС СПА & ВЕЛНЕС СТРУМИЦА **** Хотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди […]

Негорски бањи – Гевгелија

Негорски бањи Негорски бањи се модерен здравствен и туристички центар за продолжен третман и рехабилитација на пациенти во модерно опремени простории за сите видови на терапија од полето на физикална медицина и рехабилитација. Комплексот се наоѓа на далечина од 3км од Гевгелија, на надморска височина од 50 метри. Лоциран е во многу специфична средина, во […]