Ситонија е паркот на Халкидики каде љубителите на тишината и зеленилото ќе го најдат своето скривалиште, симфонија во сино и зелено, возбудлив пејзаж во кој туристите се сокриваат од гужвата и вревата. Полуостровот изобилува со преубави песочни плажи, живописни мали пристаништа, напуштени заливи недостапни од копно и непрегледни плантажи маслинки. Негова метропола е
Неос Мармарас, сместен амфитеатрално меѓу борова шума ,со особено импресивно лето кога во предвечерјето сонцето се претвара во црвена звезда и потонува во морето. Мармарас е познат и по богатиот ноќен живот,по изобилството спортски активности и шареноликоста на шопинг продавниците,како и по бројните таверни кои чекаат на вас. Во самото место има две плажи-Парадисо, или позната како рајска плажа и Градската плажа, и двете свртени кон запад што им овозможува на туристите да ги впиваат сончевите зраци се до самиот крај на денот. Главната градска плажа неколку пати досега е одликувана со туристичката плакета „Сино Знаме“. Плажата е песочна, пространа и широка, уредена со чадори и лежалки и изобилува со барови и кафетерии. На самиот нејзин крај се наоѓа раскошниот хотелски комплекс Порто Карас.
Плажата Парадисо се наоѓа на самиот влез во Неос Мармарас и во последните неколку години станува се популарна меѓу туристите токму заради нејзината едноставна убавина и беспрекорна чистота на морската вода. .