Локација: хотелот е лоциран во непосредна близина на песочната плажа во Торони, една од најпопуларните песочни плажи на Ситонија, Халкидики.
Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен, pool бар, snack бар, бежичен интернет (wi-fi), паркинг, мини маркет…
Сместување: Хотелот е организиран во два сместувачки дела од различна категорија.
Депанданс (Old wing **+) -> студио-соби на приземје, 1 и 2 кат. Собите се опремени со тераса/балкон, бања, мини бар, клима уред…
Плажа: песочна плажа со сопствен beach bar Услуга: полупансион (појадок и вечера)
Напомена: согласно категоријата, собите се чистат на 2-3 дена, за одржување на собите, сервисирање на опремата и други услуги, гостите треба да јават на рецепцијата на хотелот.
Услови на плаќање
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на резервацијата се уплатува во моментот на правење на резервацијата, или до истекот на периодот на претпродажба “EB”, според понудата.
– 50% од вкупната вредност на услугите, се доплатува до 21 ден пред датумот на почеток на услугите.
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
НАПОМЕНА:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа
уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
КОВИД ГАРАНЦИЈА:
Во случај на отказ на резрвацијата до 31.03.2022 г. поради доле наведените причини, се гарантира целосна рефундација на уплатените средства на патникот.
* Доколку врз резервацијата влијаат околности предизвикани од пандемијата на Covid 19 или пак новите протоколи за патување и заштита кои не биле актуелни во времето на објавување на понудите и направената резервација, по барање на патникот целосно ќе му биде рефундиран уплатениот износ за направената резервација или истата ќе биде променета со нов термин за престој во објектот/хотелот.
* Како околности предизвикани од пандемијата на Covid 19 се подразбираат: затворање на граничните премини, ограничувањата за патување во Грција, ограничувањата на условите за излез и влез во земјата од која заминува или кон која патува патникот, или при болест предизвикана од Covid 19 (со потврда на позитивен ковид-тест).
Check In | 12:00 pm |
---|---|
Check Out | 12:00 pm |