Катерина Апартмани- Неос Мармарас

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% guests recommend

Description

Print Friendly, PDF & Email

Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Катерина Апартмани се наоѓа на 120 метри од градската плажа. Располагаме со четворокреветен дуплекс апартман на приземје, со две спални во секоја соба има по два единечни кревети, во посебна просторија комплетно опремена кујна, балкон, купатило, тв, клима, wi-fi.

ТЕРМИН НАЕМ 1/4 дуплекс
26.05 7 ноќи 360 €
02.06 7 ноќи 410 €
09.06 7 ноќи 490 €
16.06 7 ноќи 510 €
23.06 7 ноќи 580 €
30.06 7 ноќи 610 €
07.07 7 ноќи 660 €
14.07 7 ноќи 750 €
21.07 7 ноќи 750 €
28.07 7 ноќи 750 €
04.08 7 ноќи 750 €
11.08 7 ноќи 750 €
18.08 7 ноќи 710 €
25.08 7 ноќи 660 €
01.09 7 ноќи 510 €
08.09 7 ноќи 470 €
15.09 7 ноќи 390 €
22.09 7 ноќи 320 €

 

Во цената е вклучено

Наем на 7 ноќевања/8 дена

Wi fi интернет

Вклучена клима

Во цената не е вклучено

Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во агенција

Здравствено и патничко осигурување

НАПОМЕНИ: ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Hotel Theme

Early Booking 2024
Грција
Лето 2024
Ситонија - Халкидики

Rules

Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019