Шпанија- Лето 2024

Spain View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% guests recommend

Description

Print Friendly, PDF & Email

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала” , со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум, Маринеленд… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар на Коста Брава – ЛОРЕТ ДЕ МАР +++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.

ШПАНИЈА   Лето 2024.

Коста брава – Азурен Брег – Венеција-Венеција-Верона-Барселона-Кан-Ница-Монако-Монте Карло

 

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала”, со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар наКоста Брава –  ЛОРЕТ ДЕ МАР+++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.          

3Години искуство со НЕХАР,  традиција, задоволни патници!

Пакет аранжман со АВТОБУС                         

Термини: 12,18 Јуни     *   11, 25 Јули   *    15,29 Август     *    04 Септември 2024                         

ЦЕНА за уплата до 20 Април 2024 + ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН ВО ШПАНИЈА

 Лето ШПАНИЈА 2024

Цени по лице за пакет аранжман во евра.

СОПСТВЕН ЗАКУП
      ALEGRIA FENALS MAR Јуни Јули                      Август Септ,
3* Superior 12 18 11 25 15 29 4
По лице во 1/2 соба НП 529 559 579 599 559 529 559
Трето лице во 1/2+1 соба НП 479 509 519 539 509 479 509
1во и 2ро дете  2-11,99 г. НП 469 489 509 519 489 469 489
      * ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15.Март.2024
           Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија после 15.03.2024: 60 евра / Деца 40 евра
     ALEGRIA SUN VILLAGE 4* Јуни Јули                      Август Септ,
12 18 11 25 15 29 4
По лице во 1/2 соба НП 549 579 619 629 579 549 /
Трето лице во 1/2+1 соба НП 499 519 559 559 529 489 /
1-во дете 2-11,99 г. НП 419 439 449 459 439 419 /
      * ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 01.Март.2024
           Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија после 15.03.2024: 60 евра / Деца 30 евра
ALEGRIA MARINER 4* Јуни Јули                      Август Септ,
12 18 11 25 15 29 4
По лице во 1/2 соба НП 559 589 629 639 589 559 579
Трето лице во 1/2+1 соба НП 509 529 569 569 539 499 529
1-во дете 2-11,99 г. НП 429 449 459 469 449 429 439
      * ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15.Март.2024
           Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија после 15.03.2024: 60 евра / Деца 30 евра

 

              Лето ШПАНИЈА 2024            Цени по лице за пакет аранжман во евра.    ДОПОЛНИТЕЛНИ ХОТЕЛИ
TENT 2* Јуни Јули                      Август Септ,
12 18 11 25 15 29 4
По лице во 1/2 соба НП 549 599 659 729 729 659 569
VILLA GARBI   3* Јуни Јули                      Август Септ,
12 18 11 25 15 29 4
По лице во 1/2 соба НП 519 569 679 689 689 499 499
Трето лице во 1/2+1 соба НП 489 539 639 649 649 479 479
1-во дете 5-11,99 г. НП 399 429 489 489 489 399 399
           Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија: 60 евра / Деца 40 евра
    DON JUAN RESORT  4* Јуни Јули                      Август Септ,
12 18 11 25 15 29 4
По лице во 1/2 соба НП 529 539 619 709 709 539 519
Трето лице во 1/2+1 соба НП 499 509 579 669 669 509 489
1во и 2ро дете  2-11,99 г. НП 399 409 449 499 499 419 399
           Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија: 70 евра / Деца 35 евра
Доплата за Фамилијарна соба во Шпанија (2+2): 140 евра вкупно. RQ
      ALEGRIA PLAZA PARIS 4* Јуни Јули                      Август Септ,
12 18 11 25 15 29 4
По лице во 1/2 соба НП 569 659 709 719 619 569 569
Трето лице во 1/2+1 соба НП 489 549 589 589 529 489 489
1во и 2ро дете  2-11,99 г. НП 429 479 499 509 459 429 429
           Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија: 70 евра / Деца 35 евра
Доплата за Фамилијарна соба во Шпанија (2+2): 125 евра вкупно. RQ
   MARIA DEL MAR  4* Јуни Јули                      Август Септ,
12 18 11 25 15 29 4
По лице во 1/2 соба НП 559 599 719 779 699 639 639
Трето лице во 1/2+1 соба НП 519 559 659 699 639 589 589
1 во  дете  2-11,99 г. НП 399 409 439 449 429 399 399
2 ро дете  2-11,99 г. НП 429 459 519 549 499 449 449
           Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија : 50 евра / Деца 25 евра
           Доплата за 6 Полни пансиони во Шпанија : 80 евра / Деца 40 евра
GHT MIRATGE  4* Sup. Јуни Јули                      Август Септ,
12 18 11 25 15 29 4
По лице во 1/2 соба НП 629 639 749 779 829 739 599
Трето лице во 1/2+1 соба НП 559 569 659 679 719 649 539
           Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија: 70 евра 
Напомена: Хотелот прима гости постари од 18 год.
METROPOL   4* sup. Јуни Јули                      Август Септ,
12 18 11 25 15 29 4
По лице во 1/2 соба НП 589 649 739 849 849 719 649
Трето лице во 1/2+1 соба НП 509 559 679 769 769 659 559
1-во дете 2-11,99 г. НП 439 469 629 709 709 609 469
           Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија : 75 евра – важи за сите.

ПРОГРАМА:

1 ден  СКОПЈЕВЕНЕЦИЈА:

Состанок на групата во 12.00ч.  Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден  ВЕНЕЦИЈАВЕНЕТО Регија:

Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки.

Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

3ден  ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР:

Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој (9часа) и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.

4– 10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок, 6 полу пансиони, по ваш избор.

За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, BARCELONA BY NIGHT & DISCO OPIUM, AQUARIUM, NOU CAMP, FIGUERAS – MUSEUM DALI,EMPURIA BRAVA – Шпанска Венеција, FLAMENCO SHOW, дискотеки во Љорет де Мар…

10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани во вечерните часови kako и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.

 

11 ден   АЗУРЕН БРЕГ: Кан – Ница

Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан.

Кан,  – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по  својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета.

Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница.

Ница,  – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како  ‘Belle Epoque”.

Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”,  плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.

Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.

 

12. ден АЗУРЕН БРЕГЕЗ – МОНАКО:

Појадок.Го напуштаме хотелот. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминуваме покрај средновековниот град Ез и ја посетуваме најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени.

Продолжуваме кон Монако. Целодневен (9 часа) престој во гламурозната Кнежевина Монако. Почнуваме со прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички…  Пешачиме кон Монте Карло покрај пристаништето со луксузни јахти, патеката каде се вози Формула1.

Слободно време за индивидуални прошетки и посети. Во попладневните часови се упатуваме кон центарот на  МОНТЕ КАРЛО  за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина.

 

МОНАКОСКОПЈЕ: Во вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.

 

13. ДЕН. СКОПЈЕПристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

 

ЦЕНА за уплата до 01 Март 2024 + ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН ВО ШПАНИЈА

Цената  на аранжманоt вклучува:                                                                                                          

• Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео.

  • 6 Ноќевања со појадок/полупансион/, според табелата во одбран хотелво Лорет де Мар.
  • 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу – Ница).
  • 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето.
  • Целодневна посета на Верона.

• Сместување и услуги во дво/трокреветни соби, според табелата.

• Организација и професионален туристички придружник на патувањето.

 

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

• Задолжително патничко осигурување: 520 денари ( се плаќа во агенција).

• Туристичка такса за хотели  на Азурниот брег и Италија: 7 (задолжително, се плаќа во агенција).

• Туристичка такса за хотели  Шпанија: 1 €/ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на рецепција при сместување).

• Девизен дел, сервис на локалната Шпанска агенција: 25 по лице.

  • Задолжителен пакет излети Азурниот брег: Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 40 €  по лице.

• Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот, (задолжителна резервација и плаќање во агенција).

• Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.

 

  • Девизниот дел, задолжителниот пакет излети АЗУРЕН БРЕГ, избор на факултативни излети, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Веќе пријавен излет, нема можност за откажување.

 

 ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА СОБИ ПО ХОТЕЛИ И МЕСТА ВО СЕКОЈА СМЕНА !

 

 НАПОМЕНИ:

  • Редовната цена на аранжманот после 01 Март, е според табелата, на база ноќевање со појадок.
  • Задолжителен депозит при пријавување: 10.000 денари.
  • Останатиот износ се плаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.
  • Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1 (евро) = 62 денари.
  • За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица.
  • Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
  • НП – Ноќевање со појадок, ПП – Полупансион – (појадок + вечера), П – Полн пансион (Појадок + ручек + вечера)
  • Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
  • Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
  • Цената на аранжманот може да се измени во случај на промена на цената на горивото, и останати фактори кои влијаат на формирање на цената. Сите уплати до тој момент важат според старата цена.
  • Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Со доплата од 20 евра по лице, може да се одбере број на седиште во автобус. Нема можност за доплата за празно седиште.

Hotel Facilities

Air Conditioning
Internet – Wifi

Hotel Theme

Early Booking 2024
Лето 2024

Rules

Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019