Туристичка визa за Канада
Канада ги дефинира посетителите како луѓе кои сакаат да влезат во Канада со привремена причина, како туристи, привремени странски работници и интернационални студенти. Сите посетители на канада мора да аплицираат и да добијат туристичка виза од Имиграција Канада, освен ако тие не се граѓани на земјите кои се ослободени од виза. Освен тоа, посетителите не треба да имаат криминално досие или да наметнуваат ризик по безбедноста, треба да бидат со добро здравје и треба да имаат доволно средства да се издржаваат самите себе при нивниот престој во Канада.
Туристичка виза е документ издаден од Државјанство и Имиграција и Канада кој покажува дека странскиот поединец ги задоволил барањата за прием како посетител. Поседувањето на важечка туристичка виза не значи дека службеникот на Имиграција Канада на пристаништето на влез ќе му допушти на посетителот да влезе во Канада. Сите посетители мора секогаш да го задоволат службеникот за виза на пристаништето на влез дека целта на нивната посета на Канада има привремена природа.
Туристичките визи можат да бидат за еден влез за повеќекратен влез, или за целите на транзит. Ако е потребно, за туристичката виза мора да се аплицира и да се добие од Виза службата на Имиграција Канада надвор од Канада. Само за продолжување на туристичката виза може да се аплицира во Канада. Како општо правило, на туристите им се дава виза за период од шест месеци. Привремените странски работници и меѓународни студенти добиваат виза за различни периоди на време како што е одредено од случај до случај.
Туристичките визи за еден влез овозможуваат влез во Канада само еднаш. Меѓутоа, Имиграција канада им дозволува на носителите на туристички визи за еден влез да ја напуштат и повторно да влезат во канада за време на важноста на нивниот туристички статус ако таквото патување е и од САД или Ст. Пјер и Микелон.
Туристичките визи за повеќекратен влез овозможуваат влез во Канада од било која земја повеќе пати. Овие влезови можат да бидат во време пред истекот на турустичкиот статус.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ТУРИСТИЧКА ВИЗА ЗА КАНАДА:
Од гаранторот:
– гарантно писмо (гаранција)
– банковен биланс (документ од банка за примања и заштедевина)
– фотокопија од канадско државјанство и пасош
– извод од матична книга на родени ако сте во сродство
– покана за закажана свадба или друг повод (ако има)
Од поднесителот:
– пасош
– пополнети формулари ( ги спрема и пополнува агенцијата)
– фотографија во дигитален формат
– потврда од работа за редовен работен однос (М1М, потврда од кога, каде и на кое работно место работите, како и користење на платен или неплатен одмор
– потврда за висина на примањата ( извештај од банка, чекови од пензија)
– потврда од банка за заштедевина
– за ученици и студенти потврда од училиште или индекс со заверен семестар
– уверенеие за семејна состојба заверено на нотар ( го припремаме во агенција)
– уверение за поседуван имот ( тапии, сообраќајни книшки)
– потврда за неосудуван од МВР
– венчаница ако сте во брак
– потврда од работа за редовен работен однос од брачниот другар со висина примања
– за лица постари од 70 години лекарско уверение
– цена на чинење на визата 185 CAD ( се плаќа во денари или кредитна картица)
– консултации и припрема на документација 4000 денари од пасош
– документите се испраќаат онлајн
– сите документи треба да се преведени од официјален преведувач на Англиски или Француски јазик
( цена на преведен документ од наша страна 300 денари)
Comment (0)