info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 7 дена/ секој Вторник
Локација: Кружна тура низ Македонија
Цена: 11,690,00
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

M A C E D O N I A

T I M E L E S S

Кружни тури низ Македонија

поаѓање секој Вторник/ минибус

 

1.ДЕН (БИТОЛА – ОХРИД – СТРУГА – МАВРОВО) : Состанок на групата во 07.00 часот пред хотел Епинал и поаѓање за Св.Наум, преку Националниот парк Галичица. Пристигнување во Св.Наум во преетпладневниоте часови и разглед на локалитетот. Пристигнување во Охрид во претпладневните часови, разглед на Охрид и заминување за Струга – разглед на градот, посета на куќата на Браќа Миладиновци и прошетка по кејот на реката Дрим. Во пладневните часови – заминување за Вевчани и посета на Вевчанските извори. Потоа заминување за Маврово, попатна посета на манастирот Св.Јован Бигорски и манастирот Св.Јован Победоносец – село Рајчица, Дебар. Пристигнување во попладневните часови во Националниот парк Маврово, снестување во хотел. Вечера. Ноќевање.

2.ДЕН (МАВРОВО – МАТКА – СКОПЈЕ) : Појадок. По појадокот – посета на Шарковата пештера и заминување за Скопје. Попатна посета на вештачкото езеро Матка и манастирот Св.Андреа. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови и разглед на градот…спомениците, спомен куѓата на Мајка Тереза, Камениот мост…посета на црквата Св.Спас и гробот на Гоце Делчев, музејот на Македонска борба, жичарницата на Водно. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

3.ДЕН (СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ШТИП – СТРУМИЦА – ДОЈРАН) : Појадок. По појадокот – заминување за Велес, разглед на знаменитостите на градот, со посета на костурницата…потоа заминување за Штип, со попатна посета на црквата Пресвета Богородица и училиштето во кое работел Гоце Делчев. Потоа посета на Штип и разглед на градот, во попладневните часови – заминување за Струмица преку Радовиш…посета на позлетената црква Св.Тројца, посета на манастирите Водоча и Вељуса, пристигнување во Струмица/Дојран во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

4.ДЕН (СТРУМИЦА – ДОЈРАН – ДЕМИР КАПИЈА – ПРИЛЕП – КРУШЕВО – БИТОЛА) Појадок. По појадокот – заминување за Дојран, посета и разглед на Дојран и Дојранско езеро. Во претпладневните часови заминување за Демир Капија, каде се посетува винарска визба. Заминување за Прилеп – разглед на Прилепската чаршија, Споменикот на Марко Цепенко, Методија Андонов – Ченто и Могилата на Непобедените. Во попладневните часови заминување за Крушево, посета на Македониумот, Спомен куќата на Тоше Проески, гробот на Тоше Проески, гробот на Питу Гули и локалитетот Мечкин Камен. Заминување за Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 11.690,00 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Превоз на дадената релација, 3 ноќевања со појадок и вечера, влезници за сите историски знаменитости, организација и водство на групата.

skopje_panorama