Print Friendly, PDF & Email

СТУДЕНТСКА ВИЗА ЗА АВСТРАЛИЈА

Степени за оценување за студентски визи – студенти кои сакаат да студираат во Австралија.

Ако сакаш да дојдеш и да студираш во Австралија, мораш да аплицираш за Aвстралиска студентска виза.

Апликациите се оценети врз основа на одредени нивоа поставени од Одделот за доселеништво. Тоа значи дека твојата апликација зависи од тоа – од која земја доаѓаш и на кој курс сакаш да се запишеш.

За аплицирање за стидентска виза потребно е следново:

  • Такса 535;
  • COE – Потврда за упис – која ја добиваш од училиштето откако ќе аплицираш и платиш за својот курс;
  • OSHC – здравствено осигурување за студентите – во времетраење на курсот плус два месеци;
  • Формулар за апликација 157А;
  • Медицински преглед – направен од доктор во твојата матична земја;
  • Дополнителни документи потребни како доказ за финансиската поддршка, квалификации и (компетентност) во зависност од тоа кој курс го имаш избрано.
  • Одредени се 5 степени за Австралиска студентска виза – утврдени на основа на  економската ситуација на твојата земја и претходните искуства за добивање виза и колку често се прекршени правилата за добивање на истата.

Првиот степен е најлесен, а четвртиот најтежок за добивање виза.

Колку нивото е потешко, толку се поголеми барањата за да го докажеш својот финансиски капацитет, познавање на англиски јазик и други релевантни прашања.

Твоите виза подкласи зависат од курсот кој ќе го избереш и ако сакаш да студираш Курс по Англиски, твојата виза-подкласа е 570.

Ако сакаш да се запишеш во средно училиште – подкласа 571.

Ако сакаш да се запишеш на Колеџ – подкласа 572.

Ако сакаш да се запишеш на некој Универзитет – подкласа 573.

Поважни информации и линкови:

1. Листа на сите Амбасади во светот ( не секоја Амбасада има право да ти издаде студентска виза, така што твојата апликација мораш да ја испратиш во некоја соседна земја),

Листа на доктори одобрена од DIAC (само Панел) доктор може да ти направи валиден медицински преглед за студентска виза.

Формулар за апликација 157А

Формулар за медицински преглед: 26 и 160

Ако си во 2,3,4 ниво, во тој случај мораш твојата прва апликација за студентска виза да ја направиш додека си надвор од Австалија.

Задолжители услови за сите студенти: 8105

студентската виза издадена на или после 26 Април 2008;

студентската виза издадена пред 26 Април 2008;

не смееш да работиш повеќе од 20 часа неделно додека имаш сесија;

не можеш да прифатиш работа, кога почнуваш да посетуваш курс во Австралија. 8202

мора да останеш запишан на регистриран курс ( Commonwealth Register of institutions and Courses for Overseas Students – CRICOS);

8501

мораш да одржуваш адекватни услови за здравственото осигурување додека си во Австралија ( OverseasStudent Health Cover OSHC);

8516

мораш постојано да ги задоволуваш условите за издавање на студентска виза пр: твојот главен курс за учење мора да продолжи да биде курс во едукативниот сектор и постојано да имаш доволен финансиски капацитет за одржување на студиите и престојот во Австралија;

Потребни документи за аплицирање за  Австралиска студентска виза

Апликација $ 535

 1. Пасош

 2. 4 слики пасошки формат

 3. CV од апликантот